Атракција на Џејмс Харден во триумфот на Хјустон против ЛА клиперс

Хјустон рокетс ја продолжи победничката серија со триумф во Лон Анџелес против ЛА клиперс со 105-92. За тимот со најдобар скор во НБА лигата ова е 48 победа сезонава или 13.триумф во серија.

Во новата победа Хјустон одново го предводеше Џејмс Харден со 25 поени, седум асистенции, три скока и две украдени топки. Харден кој сезонава е блиску да го освои својот прв МВП трофеј, го имаше и најдобриот потег на мечот кога го „издрибла“ Весли Џонсон и елегантно поентираше за три поени во првата четвртина од мечот во Лос Анџелес.

Со неговото специфично движење, Харден целосно го исфрли од ритам противничкиот играч. Џонсон загуби рамнотежа и падна на подот, а Харден се повлече назад зад линијата и елегантно ја смести топката во кошот.

Гостите уште во првиот дел практично го решија победникот поведувајќи со огромна предност од 34-12, па до крајот одиграа растоварено без притисок и лесно стигнаа до уште еден триумф.

Покрај Харден, забележителна партија во тимот на Хјустон имаше и Клинт Капела со 22 поени и 14 скока. Клиперси ги предводеше Тобијас Херис со 24 поени и четири скока, а Монтезл Херел заврши со 22 поени.

Се вчитува...