Аусилио: Перишиќ не е на продажбa

Спортскиот директор на Интер, Пиеро Аусилио, изјави дека клубот ни наредното лето нема намера да го продаде Иван Перишиќ, иако за Хрватот владее голем интерес од три моќни англиски клубови – Челси, Манчестер јунајтед и Ливерпул.

Перишиќ е дел од големиот проект, не сакаме да ги продаваме нашите најдобри играчи. Не може ни да го замислиме Интер без него, а мислам дека и Перишиќ не планира да замине“ – рече Аусилио.

Перишиќ во Интер дојде во летото 2015 од германскиот Волфсбург за 16 милиони евра. Оваа сезона постигна седум гола и запиша шест асистенции во сите натпреварувања. Со миланскиот клуб има догововор до 2020 година.

Се вчитува...