Аврам Грант го напушта кормилото на Гана

Израелецот Аврам Грант кој во изминатиов период беше селектор на фудбалската репрезентација на Гана, ја напушта функцијата на крајот од овој месец. Тогаш истекува неговиот актуелен договор со федерацијата, а двете страни се сложија да нема обновување на соработката.

Селекцијата на Гана го освои четвртото место на Африканскиот куп на нации кој заврши изминатиот викенд. Гана во полуфиналето загуби од Камерун на пенали, а потоа и во мечот за третото место доживеа пораз (1-0) од Буркина Фасо.

Се вчитува...