Аврамовски ги ’лапна’ парите, на Црвена Звезда и ја симнаа суспензијата

Македонскиот фудбалски интернационалец Даниел Аврамовски ги наплати долговите од српскиот клуб Црвена Звезда, пишуваат медиумите од Србија. Тој финансиските побарувања си ги бараше по судски пат, заедно со Стефан Илиќ, а тоа доведе до блокирање на жиро-сметката на Црвена Звезда. Дисциплинската комисија на ФСС побара од „црвено-белите“ да ги подмират своите долгови кон овие фудбалери, или во спротивно нема да можат да анагажираат нови засилувања оваа зима.

Само 24 часа по блокирањето на сметката, раководството на Црвена Звезда мораше да ги исплати заостанатите долгови, за да може да продолжи да работи според зацртаниот план. Така, Аврамовски си ги ’лапна’ одамна заслужените пари пред почетокот на 2018 година.

Се вчитува...