Азар ќе биде најплатен во Англија ако го одбие Реал Мадрид

Челси подготвува мега-договор за Еден Азар од 300.000 фунти неделно за да ја одбие понудата на Реал Мадрид. Белгиецот ќе стане најплатен фудбалер во Англија и ќе заработува 15.000 фунти повеќе од Пол Погба. Со оваа понуда ќе се решат сите дилеми околу иднината на најдобриот играч на Челси. Реал Мадрид минатото лето притискаше за потписот на Азар, наводно понудија 100 милиони евра за неговите услуги, но тој остана во Лондон.

Фановите на новиот англиски шампион стравуваа од фактот дека Азар може да замине од „Стемфорд бриџ“, бидејќи во минатото во неколку наврати кажа дека еден ден сака да го облече “кралскиот“ дрес и да заигра под водство на Зидан, а познато е дека францускиот стратег е голем фан на играта на Белгиецот.

26-годишниот Азар сезонава ја освои Премиер лигата по втор пат во последните три години, следната недела може да освои уште еден трофеј ако Челси го победи Арсенал на „Вембли“ во финалниот меч од ФА Купот. Беше рангиран како втор најдобар во изборот за играч на годината, изгласани од страна на новинарите и фудбалерите, а двете награди отидоа во рацете на неговиот соиграч, Нголо Канте.

Се вчитува...