Азаренка го пропушта финалето во Фед купот заради старателство над синот

Белоруската тенисерка, Викторија Азаренка ќе го пропушти претстојното финале во Фед купот против селекцијата на САД, бидејќи и понатаму се бори со својот поранешен партнер за старателството над нивниот син.

Азаренка не сака да ја напушти Калифорнија, откако од судот беше наложено дека 10-месечниот Лео мора да остане таму до донесувањето на конечната пресуда. Поранешната најдобар тенисерка во светот поради тоа го пропушти настапот на УС Опен во август.

За жал поради мојата моментна ситуација околу старателството, морам да останам во Калифорнија. Срцето ми се крши што не можам да и помогнам на Белорусија во финалето. Моето срце секогаш ќе биде со мојата земја и со мојот тим и јас ќе навивам за нив од далеку“ – изјави Азаренка.

Финалето во Фед Купот ќе се одигра претстојниов викенд во Минск. За Белорусија ова е прво финале во Фед купот кое на разочарување на публиката и на селекторот, Едвард Дубров, ќе мора да го одиграат без нивната главна фаворитка.

Тоа е голема штета, но сега не можеме ништо да смениме“ – вели Дубров.

За репрезентацијата на Белорусија  во финалето ќе играа: Ирина Сабаленка, Александра Санович, Вера Лапко  и Лидија Марозава, а за САД ќе настапат: Коко Вандевеј, Слоан Стивенс, Шелби Роџерс и Алисон Риске.

Се вчитува...