Азаренка се повлече од Австралија Oпен

Викторија Азаренка ќе пропушти уште еден гранслем турнир откако утрово беше обелоденето дека белоруската тенисерка нема да може да настапи на претстојното издание на Австралија Опен.

Причината не е повреда, туку правната битка со нејзиниот сопруг околу старателството над синот Лео. Од оваа причина Азаренка не настапи ниту на УС Опен минатата година, а бидејќи за време на парницата не смее да патува надвор од Белорусија, таа е принудена да се откаже од настап во Мелбурн, градот каде веќќе има две круни.

Понудивме вајлд-карта и истата беше прифатена од страна на Викторија. Сепак, разбираме дека семејството е најважно, ја прифаќаме нејзината одлука и веќе и понудивме помош на секој начин на кој е тоа можно“ – изјави Крег Тили, директор на Австралија Опен.

Се вчитува...