Бабунски повторно стартер, Јокохама им се врати на победите

Јокохама им се врати на победите во јапонскиот шампионат откако тимот на Давид Бабунски во драматичен натпревар успеа да слави против Џубило Ивата со 2-1. За разлика од претходниот меч што го почна на клупата за резерви, Бабунски овојпат се најде меѓу првите единаесетмина, носејќи му среќа на својот тим против незгодниот ривал.

Македонскиот репрезентативец не постигна гол или асистенција, но добро ја организираше играта на својата екипа и беше меѓу најзаслужните за значајниот триумф.

Јокохама со тоа ја прекина серијата од три меча без победа (два рем и еден пораз), со што успеа да се искачи на седмото место на табелата со десет бода, пет помалку од лидерот Кобе.

Се вчитува...