Бадел ја одбрани круната во женската кошарка

Екипата на Бадел ја продолжи доминацијата во кошаркарскиот шампионат за жени, стигнувајќи до четвртата титула во низа. За ривал во финалето оваа екипа го имаше Вардар, но „црвено-црните“ ослабени со заминувањето на американските кошаркари не успеаја целосно да им се спротивстават на „баделки“, кои рутински стигнаа до титулата, триумфирајќи со 3-0 во победи.

Во третиот натпревар Бадел триумфираше со убедливи 73-43, за потврда на својата доминација. Нена Трајчевса беше добитник на признанието за МВП кошаркарка во оваа финална серија.

Се вчитува...