Бадштубер го напушти Баерн Минхен

Холгер Бадштубер во последните години го следеа огромни малери со повредите, кои влијаеја на губење на самодовербата откако 27-годишниот дефанзивец се оддалечи и од улогата на стандарден првотимец во Баерн Минхен. Токму поради тоа Бадштубер реши да си замине од „Алијанц арената“ и кариерата да ја продолжи во Гелзенкирхен, како позајмен играч во редовите на Шалке.

Холгер е одлично момче кое заслужува да игра поредовно фудбал. Тој имаше бројни проблеми со повредите, нормално е сега кога е подготвен да сака да игра почесто. Затоа, штом дојде и замоли да му дозволиме да замине на позајмица во Шалке, ние без размислување прифативме. Се надеваме дека ќе добие добра минутажа и ќе ги покаже своите квалитети во следниот период“ – изјави претседателот на Баерн, Карл-Хајнц Румениге.

Се вчитува...