Баер Леверкузен го именуваше Коркут за нов тренер

Поранешниот тренер на Хановер и на Кајзерслаутерн, Тајфун Коркут, ќе седне на кормилото на „фармацевтите“ до крајот на оваа сезона. Турскиот стратег ќе го наследни Роџер Шмит, кој доби отказ по убедливиот пораз од Борусија Дортмунд со резултат од 6-2, во рамките од 23. коло во Бундес-лигата.

42 – годишниот Коркут покрај Хановер и Кајзерслаутерн, бил тренер и на младинските категории во Реал Сосиедад, Хофенхајм и во Штутгарт. Интересен факт е дека последниот натпревар на Коркут како тренер беше пред две години, кога загуби токму од Баер Леверкузен со резултат од 4-0 како кормилар на Хановер.

Баер Леверкузен моментално е на 10. место на табелата со 30 бода, а најтешката задача за Коркут ќе биде неговиот тим да се избори за европски фудбал за идната сезона, со оглед на тоа дека елиминација од Атлетико Мадрид во Лигата на шампиони е очигледна, откако на „Бај арена“ загубија со високи 4-2.

Тренерот на Хофенхајм, Жулијан Нагелсман, беше меѓу фаворитите за превземање на кормилото, но за 29 – годишниот талентиран стратег ќе мора да чекаат до крајот на сезоната.

Се вчитува...