Баер Леверкузен и Волфсбург со по два гола – и по еден бод

Баер Леверкузен и Волфсбург одиграа 22 и ги поделија бодовите во возбудлив натпревар од Бундес-лигата. Иако два пати водеа, „фармацевтите“ не успеаја да освојат три бода. За Волфсбург пак тоа е трето реми во низа во германскиот шампионат.

Бендер го доведе домаќинот во водство во 29.минута, но Ориџи израмни пред самиот крај на првото полувреме.

Во вториот дел, Аларио повторно донесе предност за Баер Леверкузен, но Блашчиковски не дозволи да го освои целиот плен.

Се вчитува...