Баерн до триумф во последен час, Лајпциг поразен дома

Баерн Минхен во самиот финиш стигна до победа (0-2) на гостувањето кај Инголштад. Овој триумф е уште поголем ако се знае дека Лајпциг изненадувачки загуби со 0-3 на домашен терен од Хамбургер. Сега Баерн Минхен има седум бода предност на врвот на табелата во германскиот шампионат.

Артуро Видал во 90.минута и Арјен Робен во следниот напад, постигнаа два гола за баварскиот тим на овој дуел.

Arturo Vidal Goal HD – Ingolstadt 0-1 Bayern… by Live1GoalsArjen Robben Goal HD – Ingolstadt 0-2 Bayern… by alexpaul-percec

Хамбургер убедливо го совлада Лајцпиг на гости. Пападопулос и Валас во првиот дел го шокираа домаќинот, а Хант стави точка на триумфот пред самиот крај на мечот.

Последнопласираниот тим на Дармштад ја совлада Борусија Дортмунд со 2-1. Бојд го доведе Дармштад во водство, но Гереиро израмни пред крајот на првото полувреме. Сепак, Чолак во вториот дел повторно ја затресе мрежата на „милионерите“ за конечна победа и надеж за опстанок.

Резултати Германија: Баер Леверкузен – Ајнтрахт Франкфурт 3-0, Дармштад – Борусија Д. 2-1, Инголштад – Баерн Минхен 0-2, Лајпциг – Хамбургер 0-3, Вердер – Борусија М. 0-1.

Се вчитува...