Баерн го позајмува „златното момче“ од Португалија

Младиот Португалец Ренато Санчес, ќе ја спасува кариерата преку позајмица откако потфрли во дебитантската сезона во Баерн Минхен. „Златното момче“ од 2016 година по завршувањето на ЕП во Франција, пристигна на „Алијанц арената“ за 35 милиони евра од португалскиот шампион, Бенфика.

Moнако и Марсеј се тимовите кои се заинтересирани да го регрутираат на едногодишна позајмица и да му дадат повеќе шанса во стартните единаесет, за да стекне пред се’ искуство.

Анчелоти не е задоволен од младиот Португалец. Иако најавуваше огромен потенцијал, Санчес не правеше некоја разлика кога се појавуваше на терените. Со само пет старта во почетниот состав кај италијанскиот стратег, Санчес повеќе ја грееше клупата, а влегуваше во игра како замена, играше само по десетина минути. Санчес пред трансферот во Баерн беше поврзуван со Манчестер јунајтед, се споменуваше дека „ѓаволите“ го договорија талентот на Бенфика, но на крајот тој заврши во Бундес-лигата.

 

Се вчитува...