Баерн го растури Шалке, неочекуван пораз на Лајпциг - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
19/10/2017 21:31
Фудбал
19/10/2017 21:09
Фудбал
19/10/2017 20:54
Фудбал
19/10/2017 20:50

Баерн го растури Шалке, неочекуван пораз на Лајпциг

Баерн го растури Шалке, неочекуван пораз на Лајпциг

Баерн Минхен дефинитивно влезе во посакуваната форма во последните десетина откако, откако германскиот првак забележа уште една убедлива победа, славејќи со 0-3 на гостувањето против Шалке. Дури и без помошта на Арјен Робен баварскиот гигант лесно стигна до цел плен, пред се благодарение на одличното издание на Хамес Родригез. Над Колумбиецот беше направен пенал што Левандовски го претвори во водечки погодок, пред Хамес самиот да стрела прецизно за 0-2. Анчелоти при овој резултат го повлече Левандовски од игра, а конечните 0-3 ги постави Видал, кој влезе во второто полувреме.

За разлика од Баерн, Лајпциг неочекувано претрпе пораз на гостувањето против Аугсбург. Без помошта на Наби Кеита (заработи суспензија од три натпревари) ланскиот вицепрвак одигра далеку под своето ниво, па по раниот примен погодок (Грегорич, 4. минута) не успеа да стигне ниту до израмнување, камоли да направи целосен пресврт.

Резултати Германија:

Борусија М. – Штутгарт 2-0, Аугсбург – Лајпциг 1-0, Шалке – Баерн М. 0-3, Волфсбург – Баерн 1-1.


All Goals HD – Schalke 0-3 Bayern Munich 19… by fififilive


All Goals – Augsburg 1-0 RB Leipzig – 19.09… by goalsarena2017

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.