Баерн ита кон шампионската круна: Милер донесе победа над Менхенглaдбах

Баерн Минхен ита кон шампионската титула во Бундеслигата. На девет кола до крајот на првенството, Баварците имаат 13 бода предност во однос на второпласираниот Лајпциг откако славеа со 0-1 во 25. коло на гостувањето против Борусија Менхенгладбах.

Творец на победата на Баерн беше Томас Милер со голот постигнат во 63. минута од натпреварот.

Thomas Mueller Goal – Borussia Moenchengladbach… by Goalsport

По оваа победа Баерн Минхен има 62 бода, цели 13 бода предност во однос на второпласираниот Лајпциг. На третата позиција е Борусија Дортмунд со 46 бода.

Се вчитува...