Баерн „летна“ за Истанбул, Робен остана дома

Баерн Минхен ќе биде ослабен за утрешното гостување во Истанбул против Бешикташ откако Арјен Робен воопшто не отпатува со остатокот од тимот за Турција. Холандскиот ас се запиша меѓу стрелците на саботниот дуел против Хамбургер, но потоа се пожалил на болка во ногата, по што по деталните прегледи е утврдено дека е најдобро тој да не настапи на реваншот со Бешикташ.

„Повредата на Робен не е сериозна, но решивме да одмори за да не ризикуваме“ – соопшти претседателот Румениге пред тргнувањето за Истанбул.

Покрај холандскиот крилен офанзивец, тренерот Хејнкес нема да може да смета ниту на Нојер, Коман и Толисо, кои исто така не се во комбинација поради повреди.

Се вчитува...