Баерн Минхен ќе понуди 80 милиони евра за Бернардо Силва

Германскиот првак Баерн Минхен е најновиот клуб што е силно заинтересиран за играчот од средниот ред на Монако, Бернардо Силва. Тој е „алфа и омега“ во составот на „кнезовите“ оваа сезона, игра во одлична форма, и го привлече вниманието на најголемите европски клубови. По Арсенал, Манчестер сити и ПСЖ, во редот влезе и Баерн Минхен.

Раководството на баварскиот клуб е подготвено да плати 80 милиони евра за негов трансфер на „Алијанц арена“. Ако досега приоритет за Карло Анчелоти беше ангажман на Хамес Родригез, колумбискиот интернационалец кој никако не добива полна минутажа на „Сантијаго Бернабеу“, курсот сега е променет и Баерн Минхен цели кон Бернардо Силва. Сепак, ќе има навистина жестока конкуренција за неговиот потпис ова лето.

Се вчитува...