Баерн Минхен надмоќен против „милионерите“ во Дортмунд

Германскиот првак Баерн Минхен го доби дербито на гости против „милионерите“ со 1-3. Борусија Дортмунд имаше пет бода предност на врвот на табелата кога Јуп Хејнкес дојде на клупата заменувајќи го Карло Анчелоти, а сега баварскиот тим е суверен лидер во Бундес-лигата.

Арјен Робен во 17.минута донесе водство за Баерн Минхен, а Роберт Левандовски во 37.минута со фантастичен гол со петица зголеми на 0-2.

Се беше јасно во 67.минута, кога Давид Алаба центрираше, а топката без да допре никого отседна во мрежата на домашниот тим. Почесниот погодок за „милионерите“ го постигна Марк Бартра во 89.минута од средбата.

Се вчитува...