Баерн Минхен прв до потписот на Толисо

Германскиот првак Баерн Минхен ги договори условите за ангажман на младиот играч за врска на францускиот прволигаш Лион, Корентин Толисо. Тој долго време беше цел на Јувентус и на Манчестер сити, но потоа Баерн, по германски рецепт, се вклучи во трката и брзо ја заврши работата. Лион ќе добие 50 милиони евра, а Баерн Минхен ќе го има наследникот на Шпанецот Чаби Алонсо во средниот ред.

Францускиот интернационалец треба да пристигне на „Алијанц арена“ наредните денови, и да го официјализира потписот на својот договор со Баерн Минхен. 22-годишниот фудбалер минатата година дебитираше за сениорскиот тим на Франција и со тоа стави крај на сомнежите дека можеби би заиграл и за селекцијата на Того. Тој во младинските категории на „триколорите“ беше капитен на својата генерација фудбалери.

Се вчитува...