Баерн Минхен се откажа од намерата да го купи Алексис Санчез - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
24/11/2017 17:32
Кошарка
23/11/2017 21:55
Фудбал
23/11/2017 20:53
Кошарка
23/11/2017 19:42

Баерн Минхен се откажа од намерата да го купи Алексис Санчез

Баерн Минхен се откажа од намерата да го купи Алексис Санчез

Германскиот првак Баерн Минхен нема да учествува во трката за купување на чилеанскиот интернационалец Алексис Санчез, на кого по завршувањето на сезоната му истекува договорот со англискиот премиерлигаш Арсенал. Неколку клуба се во трка за неговиот потпис, а најблиску е Манчестер сити. Тоа го знае и претседателот на баварскиот клуб, Карл – Хајнц Румениге.

„Мислам дека Алексис веќе има одлучено каде ќе ја продолжи кариерата и таа врата наскоро ќе биде затворена. Затоа, Баерн Минхен процени дека нема да влезе во трка за потписот на Санчез“, изјави Румениге.

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, не сака да го продаде Чилеанецот во друг англиски ривал, но се чини дека ќе нема друга опција. Сепак, тој смета дека Алексис Санчез нема да заврши во редовите на Манчестер сити.

„Вие велите како сите знаат дека Алексис ќе се пресели во Манчестер сити. Еве и јас сум меѓу „сите“, па не го знам тоа“, истакна Венгер.

За услугите на Алексис Санчез сериозно е заинтересиран и Пари Сен Жермен.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.