Баерн Минхен со „шест парчиња“ против Волфсбург до нова шампионска круна

Баерн Минхен во голем стил ја одбрани шампионската круна во Бундес-лигата совладувајќи го Волфсбург на гости со убедливи 0-6. По овој триумф, баварскиот тим има недостижни десет бода предност на врвот на табелата во однос на Лајпциг, во пресрет на последните три кола од шампионатот.

По елиминациите од ЛШ и во Купот на Германија, тимот на Карло Анчелоти беше решен на доминантен начин да ја одбрани круната, а настрада Волфсбург. Давид Алаба го отвори резултатот, а до крајот на првиот дел уште два гола постигна и Роберт Левандовски.

Во второто полувреме мрежата на домаќинот ја погодија и Робен, Милер и Кимик, за убедлив триумф и шампионски танц на Баерн Минхен на ова гостување.

VfL Wolfsburg 0-6 Bayern Munich – All Goals… by fififilive

Се вчитува...