Баерн Минхен три седмици без Томас Милер

Новиот тренер на Баерн Минхен, Јуп Хејнкес, успеа да го врати Томас Милер во одличен ритам, но, за жал, нема да може да смета на неговите услуги во наредните три седмици. Тој заработи повреда на бутниот мускул на гостувањето против Хамбургер, а по деталните лекарски прегледи утврдено е дека ќе мора да паузира дваесетина дена. Тоа значи дека Милер ќе пропушти неколку значајни натпревари на својот тим.

Германскиот репрезентативец нема да може да им помогне на своите соиграчи на дерби – натпреварите од Бундес-лигата, против Лајпциг на домашен терен и против Борусија Дортмунд на гости, а ќе го пропушти и мечот од Лигата на шампионите против Селтик во Глазгов.

Се вчитува...