Баерн на колена пред Хофенхајм, „милионерите“ сигурни

 Хофенхајм ја продолжи серијата фантастични резултати успевајќи да го земе и скалпот на шампионот, откако оваа екипа на домашен терен славеше на Баерн Минхен со 1-0. Одлуката на Карло Анчелоти да го одмори Тијаго, а воедно и мечот да го стартува без Рибери и Лам, му се одмазди на стратегот на баварците, кои го претрпеа само вториот пораз сезонава.

Андреј Крамариќ беше стрелец на единствениот гол на натпреварот со прецизен удар од дваеетина метри што гостинскиот голман можеше да го одбрани, но не се снајде најдобро. Во финишот од полувремето Левандовски од пет метри ја погоди само гредата, за Баерн да промаши уште неколку извонредни шанси во вториот дел, па Хофенхајм да стигне до огромни три бода со кои се задржа на третото место на табелата пред Борусија Дортмунд.

„Милионерите“ вечерва рутински си ја завршија задачата против Хамбургер, триумфирајќи со 3-0. Кастро погоди за 1-0 од слободен удар, а по бројните промашени шанси избраниците на Тухел постигнаа уште два гола во последните десет минути, преку Кагава и Обемејанг.

Резултати Германија:

Вердер – Шалке 3-0, Келн – Ајнтрахт 1-0, Борусија Д. – Хамбургер 3-0, Хофенхајм – Баерн М. 1-0.

Shinji Kagawa Goal HD – Borussia Dortmund 2-0… by sofiene-l

Pierre-Emerick Aubameyang GOAL HD – Dortmund 3… by 87taras

Се вчитува...