Баерн се чуваше за ПСЖ и Волфсбург им „украде“ бод

Баерн Минхен непланирано прокоцка два бода на „Алијанц арена“ против Волфсбург. Иако имаше водство од 2-0 на полувремето, тимот на Карло Анчелоти како да престана да игра, се чуваше за мечот против ПСЖ во Лигата на шампионите в среда, а тоа им се одмазди. Волфсбург со два гола во вториот дел стигна до израмнување и „украде“ бод од големиот фаворит.

Левандовски од пенал го доведе Баерн Минхен во водство, а Арјен Робен пред полувремето зголеми на 2-0.

Но, во вториот дел, Максимилијан Арнолд од слободен удар, по големата грешка на голманот Улрих намали на 2-1, а Дидави во 83.минута донесе и израмнување.

All Goals and Highlights Bayern München 2-2 VfL… by goal_live

Се вчитува...