Баерн веќе во четвртфинале: Бешикташ „потопен“ во Минхен!

Баерн Минхен веќе речиси е во четвртфиналето од Лигата на шампионите откако во првиот осминафинален меч убедливо со 5-0 славеше на „Алијанц арена“ против Бешикташ.

Патот до триумфот за Баварците беше отворен откако Домагој Вида уште во 16. минута заработи директен црвен картон. Потоа беше далеку полесно, па Томас Милер во 43. минута погоди за водство од 1-0.

Во вториот дел, Коман во 53. минута на асистенција на Левандовски зголеми на 2-0…

Во 66. минута Милер со својот втор погодок на мечот носи 3-0….

А, Левандовски во 79. минута дополни со 4-0….

А, Левандовски во 88. минута со нов гол заокружи на 5-0, за речиси обезбеден пласман во четвртфиналето. Само чудо на реваншот на 14. март во Истанбул може да ги спречи Германците да ги продолжат натпреварите во Лигата на шампионите.

Се вчитува...