Бајката на Лестер продолжува во Европа, Јувентус многу подобар од Порто

Англискиот шампион Лестер успеа да се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите, елиминирајќи ја Севилја. Ова е историски резултат за клубот што стана сензационален првак во Премиер – лигата минатата сезона. Лестер ја совлада Севилја со 2-0 на домашен терен и ја анулира негативата (1-2) од првиот меч во Шпанија.

Морган во 27.минута ја затресе мрежата на Серхио Рико, а на стартот на вториот дел Олбрајтон донесе водство од 2-0. Неволјите за Севилја се зголемија со исклучувањето на Самир Насри во 74.минута, а шест минути подоцна Нзонзи не успеа да реализира пенал. Каспер Шмајхел на фантастичен начин го одбрани неговиот удар, трасирајќи го патот на Лестер меѓу осумте најдобри екипи во елитното европско клупско натпреварување.

Wes Morgan Goal – Leicester City vs Sevilla 1-0… by GoalsportMarc Albrighton Goal HD – Leicester City 2-0… by Livee1Goals

Јувентус и во реваншот го совлада Порто, овојпат со 1-0. Пауло Дибала од пенал беше стрелец на голот, а Макси Переира доби црвен картон, по што „старата дама“ рутински ја одработи задачата до крајот на мечот.

Paulo Dybala Peantly Goal HD – Juventus 1-0 FC… by Highlights-Serie-A

Се вчитува...