Бајката на Милан продолжи и на „Олимпико“

Милан е во одлична форма, а тоа го почувствува вечерва и Рома на „Олимпико“. Тимот на Џенаро Гатузо славеше со 0-2 и веќе размислува за приклучување во битката за пласман во Лигата на шампионите, посебно доколку во следното коло го победи и градскиот ривал Интер.

Патрик Кутроне во 48.минута донесе водство за „росонерите“ на овој меч, а Давиде Калабрија ја легна „волчицата“ носејќи ги бодовите во Милано.

Се вчитува...