Нема дилеми, Вардар е зрел за да настапува во групната фаза од едно европско натпреварување, откако на фуриозното второ полувреме со Малме се надоврза со одличното издание против Копенхаген.
Навистина, во финишот имаше и среќа при шансите на Данците, но севкупно гледано македонскиот првак ја заслужи оваа минимална победа, со која „црвено-црните“ преполни со самодоверба ќе отпатуваат на реваншот во Данска. Јасно е дека задачата таму ќе биде пеколно тешка, но Седлоски и неговите избраници летово покажаа дека лекциите од минатото се научени, па сега се подготвени исправено да одговорат на сите предизвици што ќе им се најдат на патот.
Желбата е јасна – оваа бајка што трае да продолжи, со позитивен резултат во Данска најмалку до крајот на годинава, па и Македонија конечно да добие тим што ќе игра во групната фаза од европските купови.
[new_royalslider id=”723″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА