Бајрамовска со Крим до нова шампионска титула во Словенија

Македонската ракометарка, Мирјета Бајрамовска, со екипата на Крим Меркатор ја освои шампионската титула во Словенија. По едногодишна пауза во која Загорје ја прекина дведецениската доминација на Крим, љубљанскиот тим одново се врати на врвот и ја прослави 22.шампионска титула без загубен бод во домашното првенство.

Бајрамовска и нејзините клупски колешки ја потврдија новата титула со триумф во заостанатиот натпревар против Здежеле (39-16).

До крајот на сезоната на Крим Меркатор му простанува и борбата за победничкиот пехар во завршницата од Купот на Словенија што ќе одигра викендов во Целје.

фото: siol.net

Се вчитува...