Банвит со Сашо Филиповски и Боби Митев го освои Купот на Турција

Тимот на Банвит, на чија клупа седат Сашо Филиповски и Боби Митев, успеа да го освои кошаркарскиот Куп на Турција, совладувајќи го во финалето Анадолу Ефес со 75-66. Кошаркарите на Банвит во четвртфиналето го исфрлија Бешикташ, во полуфиналето беа подобри од Галатасарај, а во финалниот дуел му земаа мерка и на Анадолу Ефес, па заслужено се радуваат на трофејот.

Банвит по првата четвртина имаше девет поени предност, на полувреме замина со шест поени позитива, а иако Анадолу Ефес се закани, сепак, не успеа да направи пресврт до самиот крај на финалето.

Џордан Теодор со 19 постигнати поени, девет скока и четири асистенции беше најдобар во тимот на Банвит, а го следепе и Орелик со 17 поени. Во редовите на Анадолу Ефес, одличен беше Дерик Браун со 25 поени и 12 скока, но немаше поддршка од соиграчите.

Се вчитува...