Барди: Ако треба и без две нозе ќе играм за репрезентацијата! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Ракомет
16/01/2017 19:50
Ракомет
16/01/2017 19:23
Ракомет
16/01/2017 19:18
Ракомет
16/01/2017 19:17

Барди: Ако треба и без две нозе ќе играм за репрезентацијата!

Барди: Ако треба и без две нозе ќе играм за репрезентацијата!

Македонската репрезентација не може да се замисли без Енис Барди! Токму затоа беше стравот кај многумина пред дуелот со Шкотска околу неговото неиграње поради повредата која ја донесе од Унгарија. На патерици пристигна на собирот на националниот тим, се мачеше со повредата, инсистираше да игра и повторно еден од најдобрите на теренот со погодок за историја кој не носи на Европското првенство во Полска.

И по историскиот натпревар, Барди како и секогаш до крај ведар вели дека воопшто не ни размислувал да не игра на најважниот за нас дуел за пласман на ЕП, и покрај повредата…

„Работев напорно последните денови од подготовките само што побрзо да се опоравам и да настапам на дуелот. По никоја цена не сакав да го пропуштам тоа и да помогнам Македонија да дојде до историја. Од почеток сакав да играм, без разлика на се… Репрезентацијата за мене едно големо семејство. Дишеме еден за друг. Се чувствувам среќно и прекрасно кога доаѓам на репрезентативните собири. Па, јас за тоа семејство ќе играм ако треба и без две нозе“ - вели Барди во еуфоричната прослава на најголемиот македонски фудбалски успех.

Осврнувајќи се на се што оставивме зад нас, фудбалерот на Ујпешт потенцира дека од самиот почеток се видело дека оваа селекција има невидена хемија…

„Уште од првите пријателски натпревари под водство на Благоја Милевски видовме дека функционираме добро. Видовме дека имаме квалитет и меѓусебна почит. Најголемата улога ја одигра селекторот Милевски кој внесе невидена енергија меѓу нас. Направи секој во репрезентацијата да се чувствува максимално рамноправно, да нема несогласувања, да бидеме тим, да бидеме семејство, да бидеме еден за друг.. Тоа и ни го донесе успехот“ – коментира Барди во еден здив.

Дополнува дека оваа генерација не го кажала последниот збор на фудбалските терени. Но, за тоа и за Полска останува да се размислува дополнително.

 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.