Барди дебитираше со 70 минути за Леванте, со аплаузи испратен од домашните навивачи

Македонскиот репрезентативец Енис Барди имаше одлично деби во Примера дивизијата, во дресот на Леванте кој на домашен терен во Валенсија славеше со 1-0 против тимот на Вилјареал.

Во првото коло од шпанскиот шампионат Барди одигра 70 минути за својот тим оставајќи одличен впечаток, а потврдувајќи дека ќе биде моторот на Леванте во новата сезона во Шпанија.

Македонскиот фудбалер имаше неколку убави можности со удари од далечина, но не успеа да се најде во изгледна шанса и за погодок на натпреварот. Согласно статистичките показатели Барди беше убедливо највредниот фудбалер на теренот до 70. минути, до кога и настапи. До 70. минута, Енис Барди беше со истрчани 9,5 километри, убедливо најмногу на теренот во однос на останатите фудбалери и во двата тима.

Леванте сосема заслужено стигна до трите бода благодарение на погодокот од пенал на Хозе Луис Моралес во 88. минута од средбата.

Morales J. (Penalty) Goal HD – Levante 0… by Football–Live

Се вчитува...