Барди го постигна и деветтиот гол во дресот на Ујпешт сезонава

Македонскиот репрезентативец Енис Барди го запиша и деветтиот свој гол сезонава во дресот на унгарскиот Ујпешт.

Во 27. коло од шампионатот на Унгарија, Ујпешт на домашен терен одигра 2-2 против последнопласираниот Ѓирмот. Ујпешт имаше и негатива од 1-2, но Енис Барди прецизно стрелаше во 57. минута за израмнување на резултатот на 2-2…

По овој бод, Ујпешт со 36 бода е на шесттата позиција на табелата, пропуштајќи добра можност со победа уште поактивно да се вклучи во битката за третото место и излез на европската сцена. На третото место во моментов во Унгарија е Вашаш на Кире Ристевски со 41 бод.

Се вчитува...