Барди: Историски гол, ама жалам за историската победа

ЕКИПА во Бидгошч,

Никола Ѓуровски, Владимир Булатовиќ, Игор Паневски

Дали да плачеш, или да се радуваш?! Македонија ремизираше против Србија (2-2) на вториот меч на ЕП во Полска, а победата ни избега во 90.минута. Но, и Србија погоди дирек во судиското продолжение. Имаа и предност по првото полувреме фудбалерите на нашиот северен сосед.

Сепак, ќе остане запишано…Енис Барди го постигна првиот историски гол за Македонија на ЕП, а нашиот национален тим против Србија стигна до првото реми. Но, Барди, сепак, не е најзадоволен…

„Како да ви кажам?! Измешани чувства. Губевме, па се вративме, дојдовме во водство, и на крајот примивме гол за да испуштиме победа. Дури, можевме и да загубиме на крајот. Среќен сум, да, поради голот што го постигнав, историски прв за Македонија, но повеќе жалам што не успеавме да дојдеме до победата. Се боревме до последен атом на силите, верувајте. Не почнавме добро, одигравме слабо во првиот дел. Но, потоа почнавме да играме како што знае оваа селекција на Македонија, и го свртевме резултатот. На крајот, несреќа за нас, примивме гол, а потоа и несреќа за Србите, кои го погодија дирекот. Таков е фудбалот, одиме понатаму, среќен сум што покажавме и на овој меч дека Македонија знае да игра фудбал. Ќе биде така и против Португалија“, изјави Енис Барди по натпреварот со Србија.

 

Се вчитува...