Барди не запира: Нов гол за Ујпешт, трет на листата на најдобри стрелци во Унгарија

Македонскиот репрезентативец Енис Барди продолжува со одличните настапи во дресот на Ујпешт, по враќањето од паузата поради повреда.

Барди повторно стрелаше во унгарскиот шампионат, овој пат во победата од 1-3 на Ујпешт на гостувањето против Мезоковешч.

Ова за македонскиот фудбалер е десетти гол сезонава, со кој се проби на третото место на листата на најдобрите стрелци во Унгарија. Прв на листата е Епел од Хонвед со 12 гола, а втор Шчеповиќ од Видеотон со 11 погодоци.

Се вчитува...