Барди со нов гол за Ујпешт, втор на листата на најдобри стрелци во Унгарија

Македонскиот репрезентативец Енис Барди повторно стрелаше во 29. коло од шампионатот на Унгарија, но неговиот Ујпешт сепак загуби со 1-2 на домашен терен од екипата на МТК Будимпешта.

Барди постигна погодок од пенал во 83. минута за Ујпешт за израмнување на резултатот на 1-1 во тие моменти. И, кога се чинеше дека Ујпешт ќе остане непоразен, сепак гостите со голот на Хрепка во 90. минута стигнаа до значаен триумф во битката за опстанок.

Ова е 11-ти гол сезонава за Енис Барди со кој се проби на второто место на листата на најдобрите стрелци во шампионатот. Водечки на листата е Унхарецот Епел од Хонвед со досега постигна 12 погодоци.

Се вчитува...