Барди стрелец, Ујпешт веќе во четвртфиналето од Купот на Унгарија

Македонскиот младински репрезентативец Енис Барди беше стрелец за Ујпешт во победата од 1-4 на гостувањето против Залаегерцег во првиот натпревар од осминафиналето во Купот на Унгарија.

Барди погоди во 18. минута од средбата, во тие моменти за водство од 0-2 на својот тим. По оваа убедлива победа, Ујпешт е безмалку сосема сигурен патник во четвртфиналето, а реваншот на 1. март треба да биде само формалност.

Ова е вкупно деветти гол за Барди сезонава во дресот на Ујпешт. Претходно има и осум погодоци во првенството низ есенскиот дел од шампионатот.

Се вчитува...