Барди: Трансферот во Шпанија е остварување на мојот сон! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Кошарка
24/08/2017 12:05
Тенис
24/08/2017 1:34
Фудбал
23/08/2017 21:31
Фудбал
23/08/2017 20:12

Барди: Трансферот во Шпанија е остварување на мојот сон!

Барди: Трансферот во Шпанија е остварување на мојот сон!

Енис Барди во следните три години ќе го носи дресот на шпанскиот прволигаш Леванте. Македонскиот репрезентативец, како што вели, сега веќе го живее својот фудбалски сон по преселбата во една од најсилните светски фудбалски лиги.

„Трансферот во Леванте е остварување на мојот сон да играм во Шпанија. Ова е еден нов огромен предизвик за мене во кариера. Искрено верувам дека ќе ги оправдам очекувањата на многумина. Сакам да се заблагодарам на Ујпешт за досегашната соработка. Минав три одлични години во Унгарија, во клубот кој направи многу за мојата кариера и тоа никогаш нема да го заборавам. Но, сега е време за една нова страница во Леванте“ – истакна Барди за ЕКИПА по денешното потпишување на договорот со шпанскиот прволигаш.

Bardi vo Levante 2

22-годишниот Барди, официјалната промоција пред шпанските медиуми ќе ја има утре во Валенсија од 17 часот.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.