Барди за шпанските медиуми: Вардар е многу подобар, од она што го покажа во Скопје!

Енис Барди е единствениот македонски репрезентативец кој настапува во најсилната шпанска лига. Па, во пресрет на вечерашното гостување на Вардар против Реал Сосиедад во Лигата на Европа, неизбежно еден од најдобрите македонски фудбалер е повеќе од интересен за шпанските медиуми околу анализата на македонскиот шампион…

„Мора да кажам дека навистина сум среќен што Вардар, клуб кој е еден од најдобрите во мојата земја, е дел од Лигата на Европа и сега е гостин во Шпанија на меч со Реал Сосиедад. Настапот во Лигата на Европа е голема работа за македонскиот фудбал и неговиот развој во иднина“ – вели Барди дополнувајќи дека ќе ја следи пресметката на „Аноета“.

„Јасно е дека на Вардар ќе му биде многу тешко да дојде до добар резултат затоа што Реал Сосиедад е голем фаворит. Но, од друга страна сум сигурен дека Вардар е многу подобра екипа од она што го покажа на мечот во Скопје. Располага со неколку одлични фудбалери. Сега сигурно не доаѓаат со бело знаме и имаат мотив за докажување пред шпанската публика. Затоа очекувам добар натпревар“.

Vardar na Anoeta

Пресметката меѓу Реал Сосиедад и Вардар од 4. коло во Лигата на Европа на „Аноета“ во Сан Себастијан стартува од 21:05 часот.

Се вчитува...