Барса без Меси до крајот на 2013 - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Фудбал
19/11/2017 14:58
Кошарка
19/11/2017 12:33
Ракомет
18/11/2017 19:25
Ракомет
18/11/2017 18:59

Барса без Меси до крајот на 2013

Повредата што Лео Меси ја заработи во првото полувреме од натпреварот со Бетис воопшто не е наивна, па најдобриот светски фудбалер ќе мора да отсуствува подолго време од фудбалските терени. Имено, деталните лекарски прегледи покажаа дека станува збор за кинење на бицепсот на левата нога, повреда поради која Меси ќе отсуствува најмалку шест седмици од терените. Ова практично значи дека Аргентинецот ќе ги пропушти сите средби на својот тим до крајот на оваа 2013 година, а каталонците се надеваат дека нивниот најдобар фудбалер ќе биде максимално подготвен за предизвиците што ќе го очекуваат тимот во 2014 година.

Првата фаза од рехабилитацијата ќе се одвива во Барселона, по што Меси ќе замине за татковината, каде ќе работи според индивидуална програма пропишана од медицинскиот тим на Барса. Според каталонските медиуми, аргентинскиот генијалец ќе ги пропушти натпреварите од ЛШ против Ајакс и Селтик, како и пресметките од Примера дивизион против Гранада, Атлетик Билбао, Вилјареал, Хетафе и Елче.

Каталонците се надеваат дека Меси целосно ќе ги надмине проблемите и ќе биде подготвен за настап на дербито против Атлетико Мадрид што ќе се игра на „Висенте Калдерон“ на 12 јануари 2014 година.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.