Барса без Нејмар и Рафиња на „Риазор“

Барселона ќе биде значајно ослабена за утрешното гостување во Ла Коруња откако беше обелоденето дека Нејмар и Рафиња воопшто не отпатувале со остатокот од тимот за овој натпревар.

Двајцата бразилски репрезентативци се пожалиле на повреди по драматичниот натпревар со ПСЖ, ги пропуштија двата денешни тренинзи, по што тренерот Луис Енрике реши да не ризикува и воопшто не ги вклучи во составот за оваа средба. Покрај нив, во тимот на Барса ќе недостигаат и Матиу и Алеиш Видал, кои се повредени веќе извесно време.

Арда Туран ќе го заземе местото во ударното трио ослободено со отсуството на Нејмар, додека шанса во средниот ред во отсуство на Рафиња би требал да добие Денис Суарез.

Само за потсетување, Барселона минатата сезона на „Риазор“ го декласираше тимот на Ла Коруња со 0-8, што е најубедлив домашен пораз во историјата на клубот од Галиција.

Се вчитува...