Барса доби „корпа“ за Дибала

Шпанскиот гигант Барселона се обидел ова лето да стигне до услугите на Пауло Дибала. Каталонскиот клуб испратил понуда вредна 95 милиони евра за ангажман на Аргентинецот, но раководството на „старата дама“ глатко ја одбило со став дека тој воопшто не е на продажба.

Новиот тренер Ернесто Валверде е голем фан на играта на Дибала и се обидел да го доведе на „Камп Ноу“, како поддршка за фантастичното трио Меси – Суарез – Нејмар. Но, италијанскиот првак очигледно дека нема намера да се откаже од својата млада ѕвезда, иако ова лето остана без Леонардо Бонучи и Дани Алвеш, двајца стандардни првотимци во тимот на Масимилијано Алегри.

Се вчитува...