Барса го нуди и Ракитиќ, само за да го доведе Кутињо

Барселона е сериозно заинтересирана за ангажман на бразилскиот интернационалец Фелипе Кутињо. Раководството на клубот од „Камп Ноу“ е подготвено дури и на размена во која Хрватот Иван Ракитиќ би заминал во Ливерпул, а Кутињо би се преселил во Шпанија.

Ракитиќ неодамна потпиша нов договор со каталонскиот гигант кој го обврзува до 2021 година, но веќе на лето би можел да замине на Островот. Се разбира, за тоа треба да даде согласност и самиот фудбалер. Инаку, Ракитиќ во моментов има вредност од 45 милиони евра, а Кутињо пет милиони евра помалку, па Барса се надева дека челниците на Ливерпул и менаџерот Јирген Клоп ќе ’загризат“ за оваа опција.

Се вчитува...