Барса го одбрани кралскиот Куп

Барселона трета година по ред е освојувач на кралскиот Куп на Шпанија. Откако им се лизна титулата која се пресели во Мадрид, фудбалерите на каталонскиот гигант славеа над Алавес со 3-1 на „Висенте Калдерон“ за освојување на нов пехар во ова натпреварување, вкупно 29-ти во клупската историја.

Лионел Меси ја доведе Барселона во водство во 30.минута, но само три минути подоцна Тео Хернандез го израмни резултатот. Сепак, Барса беше фуриозна во самиот финиш од првото полувреме. Нејмар во 45.минута повторно донесе водство за Барселона, а веќе во следната минута и Пако Алкасер постигна погодок. Во вториот дел, избраниците на Луис Енрике рутински ја сочуваа предноста за освојување на нов трофеј.

Barcelona vs Alaves 3-1 All Goals & Highlights… by smoki-bobi

Се вчитува...