Барса го „здроби“ Челси за четвртфинале во ЛШ

Барселона надмоќно се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите, откако на „Камп Ноу“ славеше убедливо над Челси со 3-0. По ремито (1-1) на „Стемфорд бриџ“ тоа беше и повеќе од доволно за пласман меѓу осумте најдобри екипи во елитното натпреварување.

Лионел Меси уште во третата минута ги разби илузиите на Антонио Конте и неговите фудбалери дека можат лесно да поминат на „Камп Ноу“. Челси немаше одговор во првиот дел, а Осман Дембеле, по асистенцијата на Меси, во 20.минута зголеми на 2-0.

Во второто полувреме, Лионел Меси уште еднаш се запиша во листата на стрелците и го трасираше патот на својата екипа во следната рунда од ЛШ.

Се вчитува...