Барса ќе понуди 20 милиони евра за Озил во јануари

Барселона игра одлично на стартот од новата сезона, но раководството на каталонскиот гигант е свесно дека е неопходно да бидат доведени нови фудбалери за тимот да продолжи во ист ритам до крајот на сезонава. Филип Кутињо останува желба, но за летниот преоден рок, но каталонците во меѓувреме ќе се обидат да го доведат во своите редови Месут Озил, кој е достапен за трансфер веќе во јануари. Како што јавува весникот „Ел Мундо Депортиво“, веќе е подготвена и понуда од 20 милиони евра што ќе биде испратена во следниот период.

Актуелниот договор на Озил со Арсенал истекува на крајот од сезонава, така што јануарскиот преоден рок ќе биде последна шанса за „топчиите“ да заработат барем нешто на германскиот ас, кој во случај да остане во Лондон веќе во јануари би имал право да преговара со други клубови за летен трансфер. Англиските медиуми најавуваат дека Арсен Венгер е подготвен да ја прифати оваа понуда, за веќе во јануари да се обиде да доведе адекватна замена за Озил.

Самиот фудбалер би немал проблем да се пресели на „Камп ноу“ откако претходно настапуваше за Реал Мадрид, па останува да се види дали ќе се постигне договор со кој трите страни би биле задоволи, за Озил веќе од јануари да им се приклучи на Меси, Суарез и на Иниеста во дресот на каталонскиот гигант.

Се вчитува...