Барса лесно победи, навивачите бараат оставка на Бартомеу

Фудбалерите на Барселона не дозволија двата порази од Реал Мадрид да ги исфрлат од ритам, па каталонците победнички ја стартуваа новата сезона во Примера дивизион, со триумф на домашен терен над Бетис од 2-0.

Целата работа Барса ја заврши уште во првото полувреме, кога по две асистенции на Деулофеу стрелци беа Меси и Серхио Роберто. Разликата можеше да биде и поубедлива, а мора да се истакне дека Меси покрај голот дури три пати го погоди дирекот на гостинскиот состав.

Каталонците одиграа рутински, но навивачите гласно побараа оставка на претседателот Бартомеу, скандирајќи против поради недоволната активност при купувањето на врвни засилувања не само летово, туку и во претходните неколку години.

Lionel Messi Goal HD – Barcelona 1-0 Betis 20… by billiemccarrollSergio Roberto Goal HD – Barcelona 2-0 Real Betis by FootbalLivee

Се вчитува...