Барса му се одмазди на Јувентус, Челси броеше до шест, а ПСЖ до пет... - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Коментари
25/09/2017 12:12
Фудбал
25/09/2017 11:31
Фудбал
25/09/2017 11:43
Ракомет
25/09/2017 9:58

Барса му се одмазди на Јувентус, Челси броеше до шест, а ПСЖ до пет…

Барса му се одмазди на Јувентус, Челси броеше до шест, а ПСЖ до пет…

Барселона го декласираше Јувентус со 3-0 на стартот од новата сезона од Лигата на шампионите, одмаздувајќи му се на италијанскиот првак за елиминацијата во ланското четвртфинале од елитното европско натпреварување. Лионел Меси беше човекот на одлука, со два гола и една асистенција прекинувајќи го својот пост кога противу себе го имаше Џанлуиџи Буфон

Манчестер јунајтед го совлада Базел со 3-0 со головите на Фелаини, Лукаку и Рашфорд, но Мурињо се соочува со проблем поради повредата што во првото полувреме ја заработи Пол Погба.

Најубедливи денеска беа фудалерите на Челси, кои го декласираа Карабах. Педро и Запакоста со евроголови ја начнаа мрежата на азербејџанскиот првак, за потоа меѓу стрелците да се запишат и Азпиликуета, Бакајоко, Батшуаи и Медведев (автогол).

Баерн рутински си ја одработе задачата против Андерлехт триумфирајќи со 3-0, а импресивно делуваше ПСЖ, кој со „петарда“ во мрежата на Селтик ја најави решеноста да атакува на титулата во ЛШ оваа сезона. Нејмар го отвори резултатот во Глазгов, по што погодоци постигнаа и Мбапе, Кавани (два) и Лустиг (автогол).

ГРУПА А: Манчестер ј. – Базел 3-0, Бенфика – ЦСКА Москва 1-2.

ГРУПА Б: Селтик – ПСЖ 0-5, Баерн М. – Андерлехт 3-0.

ГРУПА Ц: Челси – Карабах 6-0, Рома – Атлетико М. 0-0.

ГРУПА Д: Барселона – Јувентус 3-0, Олимпијакос – Спортинг Л. 2-3.


All Goals & highlights – Barcelona 3-0 Juventus… by fififilive


All Goals & highlights HD – Chelsea 6-0… by livefootball10


All Goals & Highlights HD – Manchester United 3… by FootbalLivee


All Goals & Highlights HD – Celtic 0-5 PSG – 12… by Foot_Videos


All Goals & highlights HD – Benfica 1-2 CSKA… by livgol

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.