Барса сака реприза: Рома прими шест гола на последниот меч на „Камп ноу“

Фудбалерите на Барселона се презадоволни откако ждребот им беше наклонет, па за противник во четвртфиналето од Лигата на шампионите ја добија Рома. Каталонците во досегашните четири средби со „волчицата“ имаат само една победа, онаа на последниот меч одигран на „Камп ноу“, кога го декласираа римскиот клуб со 6-1.

Натпреварот се одигра на 24 ноември 2015 година во рамките групната фаза од ЛШ, а Барса го демолираше ривалот од Италија, поведувајќи со 6-0 со головите на Меси, Суарез (по два), Пике и Адријано, пред Џеко во судиското продолжение да ги постави конечните 6-1.

Каталонскиот гигант сигурно ќе се обиде убедливо да слави и на претстојниот прв четвртфинален дуел на „Камп ноу“, за да избегне неизвесност на реваншот во Рим.

Се вчитува...